Третиот најчитан интернет портал во Унгарија, 444.hu, веќе направи насловна статија за Никола Груевски и го претстави поранешниот македонски премиер пред унгарската јавност дека се крие во Будимпешта и бара азил во Унгарија.
Груевски беше премиер на Македонија помеѓу 2006 и 2016 година, а тој имаше тајни односи со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, но и со неговиот владин партнер, сега веќе починатиот конзервативец и националист Артур Финкелштајн.
Никола Груевски е еден од првите политичари кој го следи Орбан во неговата кампања и официјално ја промовира „СТОП СОРОС“ во Македонија.
Орбан на тајна средба во Охрид побарал од Груевски и отворено да се спротивстави на европската политика со илегалните емигранти и отворено и овој пат да застане рамо до рамо со него против нивното згрижување, но за тоа поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ бил резервиран, пишува 444.hu.