Опозицијата во Унгарија ќе бара да се формира парламентарна истражна комисија за политичкиот азил што го доби Никола Груевски.
Опозицијата веќе имала заеднички консултативен состанок, пишува „24.hu“ повикувајќи се на свои извори.
Инаку, тие не прифаќаат Груевски да биде заштитен во нивната земја, бидејќи е осуден на издржување затворска казна во Македонија и не ги исполнува условите за азил.
Канцеларијата за имиграции и азил на Унгарија соопшти дека по стапување во сила на т.н. Стоп Сорос закон против мигранти, од 1 јули па се до 21 ноември тие примиле вкупно 165 барања за азил, од кои 88 биле одбиени, процедурата за 65 се уште трае, а 8 биле повлечени, објави порталот „Индекс“.
Позитивен одговор бил даден на четворица апликанти, од кои еден е експремиерот Никола Груевски кој во Македонија е осуден на две годишна затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.