Охридските власти имаат рок до февруари да прогласат мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, во спротивно градот ќе се најде во листата на Светско наследство во опасност.
Заклучоците беа донесени на синоќешната сесија на Комитетот на УНЕСКО одржана во главниот град на Азербејџан, Баку.
Регистарот покажа дека во Охрид има вкупно 1.076 дивоградби, од кои 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското езеро, , во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот.