Македонија 09. јануари 2021. / 17:08

УНЕСКО испиша дури 200 страници околу состојбата на Охрид и Охридското езеро

УНЕСКО испиша дури 200 страници околу состојбата на Охрид и Охридското езеро

Извештајот на Унеско за Охрид и Охридското езеро е испишан на дури 200 страни.

Извештајот на Унеско за Охрид испишан на 200 страни. И додека од општината тврдат дека сеуште не ги виделе забелешките и дека деновиве ќе се знаат дополнителните препораки согласно тоа што го утврдиле на терен и доставената документација, има информации дека во драфт верзијата се препорачува целосна забрана за градба, уривање на сите дивоградби во заштитеното подрачје, отстранување на објектите кои функционираат како плажи на брегот на езерото, а на тапет се најде и стариот дел од градот каде се забранува поставување на сончеви колектори, тенди и настрешници со кои се нарушуваат визурите околу објектите од културно историското наследство.

Градоначалникот Георгиески посочува дека станува збор за комплексен проблем за кој е потребен подолг временски период и дека како резултат на недоволната комуникација со Унеско и советодавните тела препораките се поприлично строги.

Откако Македонија официјално ќе го добие извештајот ќе има рок до крајот на јануари да испрати одговор со забелешки на содржината на извештајот и да започне со спроведување на препораките за  охридскиот регион да не се најде на листата на загрозени подрачја.