Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, излезе од куќен притвор, пишува Фокус. Судија на претходна постапка минатата недела му ја укина на Јакимовски мерката куќен притвор и му одреди мерки на претпазливост, по предлог на надлежен јавен обвинител кој побарал ублажување на мерката.
-Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор, велат од судот.
Судот му одреди мерка куќен притвор на Јакимовски во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година, при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата Илинденска.