Македонија 24. август 2019. / 13:39

Ударот врз „Инфомакс“ е удар врз слободата! – Заев и ОЈО сакаат да ги замолчат медиумите

Ударот врз „Инфомакс“ е удар врз слободата! – Заев и ОЈО сакаат да ги замолчат медиумите

Обвинителката Вилма Русковска и премиерот Основното јавно обвинителство со закануваа реагираа на синоќешната објава на порталот „Инфомакс“ протече сведечоњето на Орце Камчев, во кое очигледно се покажа освен Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоки Кичевец, се инкриминирани и многу други лица од власта, помеѓу кои и премиерот кој ги предупредил осомничените рекетари дека биле снимени.

Премиерот, соочен со тоа дека се потврдува оти е дел од „Рекет“, се закани со тужба до новинарот од „Инфомакс“ кој го објави записникот од ОЈО, кој го инкриминира.

-Ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот. Не е точно. Отфрлав секаква поврзаност со Боки 13 поврзана со случајот „Рекет“. Обврска на Обвинителството е да каже дали тоа е така кажано. Објавена е една страна од записникот, а потоа е прераскажувано. Доколку новинарите прават манипулации, има одговорност. Ги повкувам Ременска, Шекеринска и Димитров заедно со мене да поднесат тужба, за да се потврди дека се лаже. Рускоска да кажe дали се точни наодите или не, дали тоа е лага или не. Но, во секој случај, јас како граѓанин ќе го тужам новинарот кој тоа го направил, рече Зоран Заев

Со закана се јавиа и од ОЈО.

Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката.

Во интерес на понатамошното непречено спроведување на истражната постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе преземе дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бара одговорност од сторителите. – стои во соопшението на ОЈО.

Директните закани упатени кон новинари, според редакцијата на „Економски Лидер“ е закана кон слободата. Во објавите на „Инфомакс“ има очигледен јавен интерес, ако се има предвид дека се објавуваат детали кои јасно упатуваат на тоа дека обвинителството штити високи функционери на власта кои биле вмешани во случајот „Рекет“.

Нашата редакција, на секаков можен начин ќе застане во одбрана на колегите од „Инфомакс“.