Македонија 30. април 2020. / 15:56

Учениците не се враќаат на училиште: Се укинуваат државната матура и завршниот испит оваа година

Учениците не се враќаат на училиште: Се укинуваат државната матура и завршниот испит оваа година

Министерот за образование Арбер Адеми на својот „Фејсбук“ профил објави дека Владата на денешната седница усвоила сет образовни мерки со кои обезбедуваат непречено функционирање на воспитно – образовниот систем! Меѓу нив е укинувањето државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година!

-Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година!

-Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома! Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни! Се уредуваат уписите на високообразовните установи!