Македонија 19. октомври 2020. / 17:00

Ученици од „Моша Пијаде“ во Тетово ќе бидат вклучени во дуално образование

Ученици од „Моша Пијаде“ во Тетово ќе бидат вклучени во дуално образование

Германското стопанство во С. Македонија преку кое се спроведува програмата за дуално стручно образование денеска во Тетово ќе потпише меморандум за соработка со средното стручно училиште „Моше Пијаде“.

Девет ученици четири години ќе се обучуваат во струката „техничар за производно машинство“ во соработка со германската компанија „Киел“.

Програмата за дуално стручно образование се спроведува во седум градови во соработка со седум стручни училишта и 12 компании.

Меморандумот за соработка, како што е најавено, ќе го потпишат директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс и директорот на училиштето Небојша Трпковски.