Онлајн наставата не беше ефикасна. Само 4% од родителите од околу 10% анкетирани од НВО Рактор – истражување во акција, ја оценија онлајн наставата како ефикасна. Ниту добро ниту лошо искуството со онлајн наставата го оценија директорите и наставниците на основните и средни училишта. Но на прашањето како треба да се организира наставата од 1 септември, половина од нив го споделија ставот дека наставата треба да се одвива во училиште.
Овие резултати од домашна изолација, поради инфекцијата од Ковид-19 ги сподели и министерот за образование и наука, Арбр Адеми. И тој смета дека онлајн настават не била совршена.
Базирајќи се на истражувањето на Реактор, кажа дека и членовите на Централниот кризен штаб го делат мислењето дека учениците треба да се вратат во училиште.
Тоа што според него е сигурно сега за сега, е дека учебната година ќе започне на 1 септември и дека одлуките се носат на време.
Исто како министерот Адеми, и директорите на училиштата кои ги анкетираше Реактор, оцениле дека има услови за одржување хигиена и растојание меѓу учениците. Во училиштата каде што има повеќе ученици, Адеми смета дека наставата може да се одвива во четири смени.