Македонија 27. декември 2019. / 16:52

Уцена

Уцена

Пишува: Ахил Големов

Македонија е уценета. Македонија е на колена.

Ова се фактите кои ги живееме изминативе три години. Нити еден ден изминативе неколку години не помина без некој да не биде уценет, без некој од власта да не и се заканува на опоџицијата. И они(СДС) тоа го нарекуваат демократија. Спротивно на она што беше ‘Режим’ кога тие истите фрлаа боја врз институции, ја запалија Канцеларијата на Претседателот, тепаа полицајци… државава ни е под опсада на класични нискоинтелигенти, амбициозни медиокритети. Првиот човек на Владата кој дојде на власт со уценување на други политичари, сега повторно уценува, за да остане на власт.

До кога ќе трпи македонскиот народ вакво насилничко однесување?

Не можам да не се сетам на сцената со зајакот од Монти Пајтон во ‘Светиот грал’. Навидум мирно бело зајче, испоуби десетина високо обучени војници предводени од храбрите витези, пред да биде разнесено од светата бомба. Генерално ова е ситуацијата и во Македонија. Имаме слаткоречив премиер со наивен изглед, а всушност свиреп социопат, со насилнички манири и расипана психа. Светата бомба која ќе го уништи социопатот се Изборите на 12ти Април. Секој искрен Македонец со демохристијанска ооределба треба да ја увиди на објективен начин реалноста и да ја поддржи единствената опција која може да се фати во костец со проблемите кои ги создаде партијата предбодена од ‘наивното’ зајче.

Последна уцена во рангот на уцени од типот промена на име, затвори за патриоти, бркања од работа, промена на историја и идентитет е и обидот да се избега од изборите кои конечно ќе донесат барем малку светло во државава. Уцената се состои од закана за одложување на изборите доколку ‘наивниот и добродушен’ премиер не добие поддршка за Закони коишто можеше да ги донесе било кој период во изминативе три години. На една недела пред својата оставка, тој се поставува во улога на Суверен и по милион осумсто седумдедет и трети пат  не си застана на зборот пред целата македонска јавност. Човекот едноставно не знае поинаку. Има една изрека, вели, ако ме излажеш еднаш ти си виновен, ако ме излажеш два пати, јас сум виновен, но ако ме излажеш три или повеќе пати, јас сум глуп. Не верувам дека македонскиот народ е глуп, напротив, сметам дека нашиот народ е далеку поинтуитивен од било кој народ на Балканот. Затоа нема да си дизволиме по којзнае кој пат да бидеме прелажани од еден социопат кој бесрамно се обидува да ни ја навредува нашата интелигенција.

Уцените од Заев мора да запрат. Македонија мора да застане на колена. 12ти Април доаѓа многу брзо, а 3ти Јануари уште побрзо. Власта е во паника. Свесни се дека паѓаат. Паниката ги тера да прават уште повеќе грешки. Тоа само  им прави нови дупки во бродот кој тоне.

ВМРО ДПМНЕ е единствената сила во Македонина која има знаење, капацитет и кадар за да ги сопре уцените и да ја обнови Мкедонија од рушевините во кои се наоѓаме.

Нема Македонија без ВМРО, нема ВМРО без Македонија!