Македонија 22. мај 2019. / 19:33

УБК се трансформира во Агенција за национална безбедност

УБК се трансформира во Агенција за национална безбедност

По неколку месечното усогласување помеѓу власта и опозицијата, безбедносните закони со вградени забелешки од пратениците се изгласаа со двотретинско мнозинство.

Иако на потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски не е задоволна од финалната верзија, и и беа одбиени речиси сите амандмани од министерот Спасовски, таа гласаше ЗА. Вели причината е да не биде сфатена како кочничар на процесот.

По критиките од Ременски и Зекири дека со веќе изготвениот закон, новата агенција за национална безбедност ќе биде политизарана и партизирана бидејќи пратениците ќе вмешаат прсти во вработувањата и селекцијата на составот, Димитриев го тврди спротивното.

Според министерот Оливер Спасовски овој пат пратениците докажале дека можат заеднички да направат реформи за граѓаните, а не само поради потребата за евроатланската интеграција на државата.

Со новите измени, Управата за безбедност и контраразузнавање се трансфорира во Агенција за национална безбедност како посебна институција надвор од МВР.