Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск од македонската Влада им порача на лидерите на ЕУ да си ја завршат својата работа и да дадат зелено светло за почеток на преговорите со Македонија, но исто така повика на трпение.
На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Туск го пофали напредокот на македонските влади. Тој се осврна на справувањето на Макеоднија со мигрантската криза, како и на договорите со Бугарија и Грција.
Премиерот на почетокот најави дека го информирале Туск за досегашните постигнувања.
– Го запознавме претседателот Туск со се што направиме во последните 2,5 години, но и што е направено во земјава во изминатите 15 години. Очекуваме датум за преговори во октомври и очекуваме со пристапните преговори да велземе во едно трансформациско патување кон членството во ЕУ. Случајот Рекет и сличните на него се само еден силен тест, а неговото разрешување ќе ја потврди независноста на судството. – рече Заев.
Туск кажа дека напорите на нашата земја биле извонредни и посочи да се продолжи во таа насока.
– Напорите на вашата земја во последните неколку години беа извонредни. Заедно ние ја издржавме една од најтешките миграциски кризи која што следеше по Втората светска војна. За нас ова беше многу тежок период и навистина тежок тест за нашата одговорност и активноста на дејствување. Вашата земја го помина овој тест подобро од многу земји членки на ЕУ. – нагласи Туск.
Претседателот на Европскиот совет се осврна и на Договорот од Преспа.
– Вашата земја направи се што треба да се очекува. Тоа продлжува да биде мој цврст став. Вашата земја направи се и токму затоа дојдов во Северна Македонија. Не постои сомнеж во Брисел кон вашата определба за владеење на правото и борбата против корупцијата. Секако секој во секое време може да го оспори ова, но ние многу добро знаеме Вашата Влада е одлучна и постојна во ова, во врска со континуитетот на работата на јавното обвинителство. Процесот за пристап во ЕУ во овој маратон, знам дека има посветени учесници за да ја постигнат целта. Ова е потребно, но потребно е и трпение. Немам сомнеж дека поседувате повеќе од доволно од квалитетите. Секој треба да го цени тоа. Затоа им велам на лидерите од ЕУ, сега вие завршете ја вашата работа, Северна Макеоднија ја заврши својата работа. – рече Туск.