Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) го исклучи Аднан Ќахил од партијата и побара од премиерот Зоран Заев негово разрешување од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции.
– Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува. Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата. – велат од партијата.
Истовремено, додаваат од таму, санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти.
– Со оваа одлука раководството на ТХП уште еднаш на дело покажува дека и во понатамошното делување ќе има нулта толеранција на деструктивни личности и несовесно работење. – велат од партијата.