Македонија 23. ноември 2018. / 11:40

Тунтев призна: Аплицирав за директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Тунтев призна: Аплицирав за директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тутев, е еден од кандидатите за нов директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство како што и самиот потврди за Плусинфо.

– Има неколку причини зошто аплицирав, некои се од лична природа, други од професионална, трети од стручна. Сепак, сѐ уште не сум одлучил дека го напуштам Собранието. Во овој момент јас сум пратеник во Собранието и координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, како дел од парламентарното мнозинство. Мојата сегашна професија бара полн капацитет и целосна посветеност на многу професионални предизвици затоа што во рамки на Собранието во тек се активностите што се од исклучително значење за Македонија, за нејзината иднина и за иднината на нејзините граѓани. Од друга страна, АЦВ има директор со мандат кој сѐ уште трае, уште најмалку месец и пол. – вели Тунтев за Плусинфо.

Ако Тунтев застане на чело на АЦВ, тогаш ќе се бара негов наследник и за пратеничката фотелја и за координаторското место.