Во последниве 24 часа сроведени се 309 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на заболени од коронавирус. Со тоа вкупниот број инфицирани во земјава достигна 1694.
Од новозаболените, 10 се од Скопје, 5 од Прилеп, 4 Тетово и 1 од Велес.
Истовремено, новооздравени се 24 пациенти, а тројца, кај кои бил дијагностициран Ковид-19 починале.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.