Министерот за здарвство, Венко Филипче, информира дека од деветтте пациенти на Ифективната клиника, шестмина се во стабилна сосотојба, но кај кај тројца има лесно влоушање.
Како што појасни Филипче, кај нив има отежнато дишење, но засега нема потреба од приклучување на апарати за дишење. Сите тројца се на возраст над 60 возраст.
Министерот информира дека утринава е тестиран човек што допатувал од Германија. Од него е земен материјал и се очекуваат резултатите од тестирањето.
Филипче додаде дека било очекувано прогласувањето пандемија. Тоа значи кога има неочекувано голем број заболени од едно заболување во повеќе земји на неколку континенти. Нема генерални препораки за сите земја, но секоја земја има право да донесе мерки
Филипче кажа и дека е назначена нова директорка на Клиниката на Дерматологија, а сите што биле во контакт со претходната се тестирани.