Зоране, Љупчо, Трајане, потонати сте во криминал. Ќе одговарате, за секоја уцена, закана и притисок. Три години цели семејства, жени и малолетни деца живеат во страв од вашите пајташи и нивната аздисаност.
Целата криминогеност и изопаченост на оваа влада во секторот земјоделие денеска излезе на површина. Томе Мојсовски, советник во кабинетите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски се заканува врз цели семејства за да се изврши неговата наредба, напиша дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски.
После ова се е јасно. СДСМ функционира како мафијашко здружение. Се закануваат и уценуваат.
Овој административец ( Томе Мојсовски ) кој е платен со народни пари глуми Ал Капоне. Заплашува народ.
Со страв владееја, но веќе се е на виделина. Никој повеќе не им се плаши. На народот му се гади. Земјоделецот го донесовте на пирачки стап, а вие аздисувате. Вака повеќе не може. Вака повеќе не смее.
Ги повикувам надлежните органи, веднаш, во најбрз можен рок да постапат по однос на овие индиции за противправно влијание и притисок.
Заев, Николовски и Димковски мора да сносат одговорност. И политичка и кривична. Одговорност веднаш!, напиша Трипуновски на ФБ.