Министерот за Здравство Венко Филипче, на својот Фејсбук профил штотуку објави информација дека триесетина млади лекари, специјализанти на Клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника, ќе помагаат при справување со кризата предизвикана од Ковид-19.
На својот Фејсбук профил, Филипче напиша:
Во тешки времиња се покажуваат желбата и спремноста на луѓето за помош и тоа е за огромна почит. Триесетина млади лекари кои се на приватна специјализациија на Клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника покажаа желба и спремност да се вклучат во работата на ковид центрите и да им помогнат на нашите пациенти. Исто така, денеска разговарав и со младите лиценцирани лекари за нивен ангажман во здравствените установи. До крајот на неделата ќе ги допрецизираме условите за нивно приклучување.
Во тешки времиња се покажуваат желбата и спремноста на луѓето за помош и тоа е за огромна почит. Триесетина млади лекари…
Posted by Венко Филипче on Wednesday, November 18, 2020