Македонија 14. март 2019. / 22:26

Тричковски со навреди ја раскина соработката со “Слободен Печат”: Геро ти си нула, а Милчин е за единица!

Тричковски со навреди ја раскина соработката со “Слободен Печат”: Геро ти си нула, а Милчин е за единица!

Новинарот Бранко Тричковски, кој пет години беше колумнист во „Слободен печат“ вечерва на Фејсбук најави прекин на соработката со весникот поради несогласување, како што вели, околу клучни теми со уредувачката политика.

При збогувањето со „Слободен Печат“, кое е поради различните погледи несогласувањето со ставовите на редакцијата за договорот со Грција и Бугарија, Тричковски одлучи да го навредува главниот уредник на весникот Бранко Героски.

Тој за човекот кој е пионер во либералното новинарство во земјава (со тоа што ги лансираше најуспешните медиумски проекти во изминатите 30 години), вели дека е нула во бинарниот систем.

Подолго време раазликата со генералната уредувачка политика на “Слободен печат” јас ја третирав како нешто што можеме, па дури и треба, да го толерираме во рамките на демократскиот дискурс. Веројатно и тие мислеле така. Но, во меѓувреме, тој јаз се претвори во Сент Андерс расцеп, а јас почнав да си изгледам себе си како рокер кој залутал во некој оркестар на гајдаџии и тапанари. Тие ги бендисуваа моите колумни и кога со нив не се сигласуваа, но мислам дека на крајот сфатија дека тоа време е поминато. 
По сите клучни теми: Преговорите со Грција и со Бугарија, двата клучни договора, името и идентитетот, референдумот, односот кон Владата, битката против криминалот, статусот и судбината на СЈО, судските процеси и пресудите, аферашењето, имавме спротивни становишта
Со други зборови, не сакам со своите ракописи да ја легитимирам и афирмирам уредувачката политика на весникот, а не гледам дека има смисла и тие да објавуваат човек што сака да ја убие Македонија и македонскиот јазик и да ги остави нивните деца без идентитет, како што рече Геро во последната расправа, терајки ме да си го поставам истото прашање што си го поставував кога ги гледав Кара Ками Шева Ванковска, Силјановска, Грчева или Ќулафкова: каква е каквоќата на умот врз која е можно да се изврши вакво поблесавување. Бидејки немав квалитетен одговор, си дозволив вака да ја завршам соработката:
Адио, Геро, фрапиран сум од неспособноста да совладуваш малку посложени конструкции, во бинарниот систем на глупавиот македонизам, ти си нулата, Владе, можеби, би можел да биде единицата, но ништо повеќе од тоа. Штета. А бевте убава десетка.
Крај на приказната, напиша Тричковски на Фејсбук.