Македонија 06. февруари 2020. / 19:43

Тричковски со антисемитски навреди: Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи

Тричковски со антисемитски навреди: Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи

Најнов случај на говор на омраза кон Евреите на луѓе блиски до СДСМ. Овојпат новинарот Бранко Тричковски со погрдна порака за министерката Рашела Мизрахи.

Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи, напиша Тричковски на „Твитер“.

На почетокот на јануари имаше низа навреди упатени кон министерката Рашела Мизрахи, кон кои се приклучи и функционерката од редовите на СДСМ, Мерсиха Смаиловиќ која ја повика Мизрахи, наместо знаме на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе има интервјуа да си става давидова ѕвезда – симбол со кој Хитлер и нацистите ги бележеле Евреите пред да ги пратат во контрационите кампови на смртта.