Македонија 04. јуни 2018. / 18:34

Тричковски: Јанкулоска може да го фрли бебето во контејнер

Тричковски: Јанкулоска може да го фрли бебето во контејнер

Бранко Тричковски новинар и голем поддржувач на актуелната власт, напиша скандалозен Фејсбук статус со наслов Монструм посветен на поранешната министерска за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Од аспект на бебето, нема разлика дали злосторничката го носи во утробата или ќе го фрли во контејнер. Бебето е за неа панцир од куршумите на правдата. И ништо повеќе. Тој факт го издигнува нејзиниот злосторнички статус до највисоки висини и ја претвора во монструм, напиша Тричковски на неговиот Фејсбук профил.