Три нови случаи на заболени со корна вирус се потврдени во земјава, со што вкупниот број на заразени достигна 70, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој соопшти дека во текот на денешниот ден биле извршени вкупно 43 тестирања, од кои три биле позитивни.
Заразена е една пациентка којашто патувала во Србија, потврдено е дека и бабата на девојчето од Штип е заболена од корона вирусот, а има и уште еден пациент од Скопје. Во моментов, заболени од корона вирус во земјава има во Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид – соопшти Филипче.
Министерот информира дека сите пациенти се во стабилна состојба, со лесна до средна клиничка слика, освен единствената пациентка што беше приклучена на респираторна машина, кај која од синоќа има значително влошување на сотојбата, која преминала во критична фаза.