Македонија 09. април 2020. / 20:00

Три клиники добија дел од заштитната опрема која МВР ја доби од Словенија и Унгарија

Три клиники добија дел од заштитната опрема која МВР ја доби од Словенија и Унгарија

Министерството за внатрешни работи денеска донираше дел од заштитната опрема која ја доби од Словенија и Унгарија на вработените на Клиниките за гинекологија и акушерство, инфективни болести и гастроентерохепатологија.

Во име на МВР, министерот Наќе Чулев им се заблагодари на медицинскиот персонал за посветеноста и истрајноста со која ги извршуваат своите работни задачи , истакнувајќи дека во таа насока од страна на министерството ја имаат сета неопходна помош и поддршка.

-Предизвикот да се спасат човечките животи од налетот на коронавирусот уште еднаш не потсети за важноста која луѓето во белите мантили ја имаат во нашето општество, нашата држава и целиот свет. Поддршката за нив е повеќе од потребна и повеќе од значајна во вакви специфични времиња кога тие се во првите редови во битката против невидливиот пријател, напиша Чулев на својот фејсбук.