Македонија 17. мај 2019. / 21:52

Трегоре: Македонија со мали шанси да добие датум за преговори со ЕУ

Трегоре: Македонија со мали шанси да добие датум за преговори со ЕУ

Македонија има мала шанса да добие датум за преговори со ЕУ во јуни но само ако Европската Унија ги раздели Албанија и Македонија во процесот на носење одлука, анализира францускиот експерт за Балканот Лоик Трегоре врз основа на документ на официјален Париз, пренесува Expres.mk.

Тој ги анализира позициите на францускиот министер за надворешни работи и Европа Жан Ив Ле Дријан според кого Франција ќе даде негативно мислење за барањето за виза либерализација на Косово.

За Албанија нема надеж дека ќе ги отвори преговорите а неизвесност постои само за Македонија која што би имала мала шанса доколку биде одделена од Албанија при анализата за напредокот на земјите.