Македонија 10. март 2020. / 10:58

Трас трас судство: Јово Вангеловски жртва на „превара“

Трас трас судство: Јово Вангеловски жртва на „превара“

Врховниот суд на вчерашна седница ја одби жалбата на екс претседателот на Врховен и ја потврди одлуката на Судски совет за негово разрешување.

-Жалбениот совет при Врховниот суд на Република Северна Македонија на вчерашната седница расправаше по повод поднесената жалба од поранешниот Претседател – судија Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/30 од 23.09.2019 година за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција Претседател на суд, соопшти врховниот суд.

Претходно Вангеловски бараше изземање на неколку судии кои требаше второстепено да одлучат за негово разрешување, причина поради која се одлагаше одлуката на Врховен досега.

Судскиот совет го разреши Вангеловски поради незаконската постапка околу овозможувањето на Сеад Кочан да се брани од слобода. Врховниот судија Фаик Арслани беше избран за в. д. претседател на Врховниот суд, веднаш по разрешувањето на претседателот Јово Вангеловски од Судскиот совет.