Македонија 22. октомври 2019. / 11:04

Трамп загубил меѓу две и пет милијарди долари откако е претседател: Не ми е важно

Трамп загубил меѓу две и пет милијарди долари откако е претседател: Не ми е важно

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека за време на претседателскиот мандат можел да заработи меѓу две и пет милијарди долари.

Да сум повторно во таа ситуација би го направил истото бидејќи кому му е грижа, ако можеш тоа да си го дозволиш тогаш не е важно – истакна Трамп.

Тој бил вознемирен што морал да се откаже од својот план за организирање состанок на врвот на Г7 во своето голф летувалиште во близина на Мајами.

Републиканците и демократите остро го критикуваа неговиот план, а беше обвинет и дека профитира од претседателската функција.

Трамп ја отфрли, како што ја неркува, „наводната одредба за заработувачка“ во американскиот Устав, со која им се забранува на претседателот и на пратениците да профитираат од своите функции.

Неговите деца презедоа поголем дел од водењето на семејниот бизнис.

Не постои разлика дали загубив две, пет или помалку милијарди. Не ми е важно. Работам за оваа земја и за луѓето – додаде шефот на американската држава.