Македонија 15. февруари 2020. / 11:33

Трајковска: Го покрија прекројувањето на изборните измени со веста за смената на Мизрахи!?

Трајковска: Го покрија прекројувањето на изборните измени со веста за смената на Мизрахи!?

„На Time.mk има 315 вести во една низа за Мизрахи и нејзиното разрешување (боже, кое пукање во нога беше ова), и уште 500 вести за тоа кој пратеник што рекол за Мизрахи и други дребни и сеирџиски информации, но има само 1 ( и со букви ЕДНА) тукушто објавена кратка вест дека се изгласани и изборните измени“ – реагира новинаркста Жанета Трајковска за „извештаите“ од синоќешните случувања во
законодавниот дом.

„Нема информација ни како е обезбедено 2/3 мнозинство, кој гласал, имало ли дискусија итн…итн. Човек да помисли дека на медиумите им се важни “лесните” вести за кои е доволно само да се пренесат на ниво кој што рекол, навредил, кажал некој глупост итн.

Трајковска: Го покрија прекројувањето на изборните измени со веста за смената на Мизрахи!? –
Ова инаку се вика покривање на една вест со друга вест, за да се намали влијанието
на првата вест, или, стратегија на чад и огледало.Ја изместуваш медиумската реалност и ја криеш и покриваш со тоа што пушташ чад и со помош на огледала создаваш илузија додека ги изместуваш и пушташ чад.Публиката треба да верува дека се случила магија“ – пишува Трајковска.