Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски, во вечерашната емисија „Код“ истакна дека Бојан Јовановски-Боки 13, бил обезбедуван од полицијата.
Додека Боки 13 рекетирал, бил обезбедуван од службени лицата од министерството за внатрешни работи, истакна Трајчевски. Од МВР ова изнесување го демантираат.
– Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите што во емисијата „Код“ на ТВ Телма ги изнесе директорот на АВМУ Зоран Трајчевски дека наводно лицето Бојан Јовановски имало службено обезбедување од МВР. Тоа апсолутно не е точно. – се вели во демантот објавен на 1ТВ.
Боки 13 немал службено обезбедување од МВР. Од министерството велат дека непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации.