Македонија 19. септември 2020. / 09:02

Трајановски: Јанкулоска е една од жртвите на политичкиот прогон кон ВМРО-ДПМНЕ

Трајановски: Јанкулоска е една од жртвите на политичкиот прогон кон ВМРО-ДПМНЕ

Власта продолжува со притисок и освета кон неистомислениците,судот под притисок носи политички одлуки, што во една демократски развиена држава не смее да се случи, напиша на Фејсбук поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

Извршна власт, вели, не смее да се меша во работата на судската власт.

Судот треба да е делител на правда, а не да донесува политички одлуки. Ова е една од жртвите на политичкиот прогон кон ВМРО-ДПМНЕ, подршка за Гордана Јанкулоска, напиша Трајановски.