Македонија 03. септември 2019. / 15:04

Тортевски: Толку ли е во паника Ордановски да не му се открие криминалот со измислената иновација?

Тортевски: Толку ли е во паника Ордановски да не му се открие криминалот со измислената иновација?

Адвокатот Александар Тортевски извесно време е во твитер војна со братот на новинарот Сашо Ордановски, Ванчо Ордановски, кој на твитер го користи името @mindplumber. Имено, Адвокатот Тортевски објави дека постојат индиции за сериозен криминал во случајот на Ванчо кој од државата земал 350.000 евра за измислен проект за мерење на загаденост.

-По се што имам кажано (а и направено) против нив, ниту Грујо, ни Сашо ни Хорхе немаат јавно кажано против мене еден збор. Со месеци со Ванчо Ордановски сме блокирани а упорно ме плука на твитер. ПА ТОЛКУ ЛИ Е ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ МУ СЕ ОТКРИЕ КРИМИНАЛОТ СО ИЗМИСЛЕНА ИНОВАЦИЈА?, пишува Тортевски.