Адвокатот Александар Тортевски вели дека ако Игор Југ не добие амнестија доброволно се јавува да го брани про боно.
Тој е еден од најгласните критичари на новиот Закон за амнестија, кој стапи на сила вчера.
–Игор Југ има повеќе право да добие амнестија од пратениците. Тој не ја извршил задачата што организаторите му ја доделиле. Пратениците ги отвориле вратите со што во целост ја исполниле задачата добиена од организаторот на државниот удар, стои во еден од твитовите.