Македонија 25. октомври 2019. / 10:42

Тортевски: Основачкиот конгрес на Твоја партија на 7 декември

Тортевски: Основачкиот конгрес на Твоја партија на 7 декември

Основачкиот конгрес го закажавме за 7 декември. Оставаме доволно простор и ги повикуваме да ни се придружат сите што се подготвени да работат за да направиме нешто корисно за нашата земјава. Правото и правната држава е нашата црвена линија и за тоа нема остапка. Да ја направиме Македонија пристојно место за живеење е голема задача, можеби и невозможна, но не се откажуваме, вели „Независен весник“ адвокатот Александар Тортевски, иницијатор на Твоја партија.

Според него, во следниот период ќе биде утврдена платформата, статутот и моделот на организацијата. Како приоритет се наведуваат екологијата и економијата. Во партијата нагласуваат дека ќе се обидат да го придобијат најдобриот кадар во земјава и нема да примаат пари од донатори.

– Сметаме дека има и тоа како место за партија што ќе биде исклучително во центарот, подеднакво оддалечена и од едните и од другите. Според проценките, се надеваме и посакуваме на изборите да добиеме доволно гласови, што ќе ни обезбедат од пет до десет пратеници во парламентот, вели Тортевски.