Македонија 25. јули 2020. / 13:07

Томовски: Митко Јанчев и неговиот гуру Никола Тодоров се изгорени во политиката

Томовски: Митко Јанчев и неговиот гуру Никола Тодоров се изгорени во политиката

Митко Јанчев, нов ама изгорен во политиката. Изгорен од неговиот ментор и политички гуру Никола Тодоров, напиша Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ на „Фејсбук“.

Тој додава дека човекот кој и кога кажува став се јавува уште пред тој да излезе во медиумите да каже дека така морал и не е баш така како што ќе биде толкуван.

Гуру му е Тодоров, а близок пријател Вице Заев. И во едно ќе се согласам, на ВМРО-ДПМНЕ му треба катарза и рестарт, а тоа е од ваквиот багаж поради кој народот мисли дека сите сме исти. Епа не сме. Вашето заврши, доаѓа ново време, смета Томовски.