Македонија 17. мај 2018. / 11:28

Толку од „поддршката” на „братска Русија”: Москва го минираше мајчинството на БПЦ за МПЦ

Толку од „поддршката” на „братска Русија”: Москва го минираше мајчинството на БПЦ за МПЦ

Директорот на Рускиот институт за стратешки истражувања Леонид Петрович Решетников е човекот кој ги натерал бугарските владици членови на Синодот на БПЦ да не одат на 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија, објави Експрес.мк.

Решетников кој по воено звање е Генерал – полковник чин добиен во руското разузнавање, имал средба со тројца влијателни владици во Софија на која ги уверил дека треба да прекинат со посредувањето за признавање на МПЦ – ОА.

Рускиот генерал кој е доктор на историски науки го искористил одсуството на патријархот Неофит кој е во болница и на тројцата митрополити им пренесол порака од Москва дека не смеат да дозволат решение на спорот со МПЦ, велат информациите од бугарски извори.

Според истите извори Русија не сака признавање на македонската црква од страна на БПЦ затоа што и самата има сличен проблем со Украинската православна црква.

Решетников лани доби највисок орден за заслуги од страна на СПЦ.