Македонија 28. ноември 2018. / 22:12

Тодоров за Груевски: Тој ја држеше партијата цврсто

Тодоров за Груевски: Тој ја држеше партијата цврсто

Поранешниот министер Никола Тодоров вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија изјави дека Никола Груевски ја држел партијата цврсто.

Рече дека имале различни мислења со него, но сепак според него оној кој сака да води партија, мора да покаже широкоградост.

За сегашниот лидер, Христијан Мицкоски изјави дека го сатанизира една година, а причините не ги знае. Вели дека го обвинил дека ја продал базата на партијата за странскиот фактор, за што кажа дека не е точно. За себе Тодоров кажа дека се повлекол затоа што сакал мирен живот.