Македонија 28. мај 2018. / 20:57

Тодев: Ако за 30 дена не бидат прифатени барањата, затворска полиција ќе излезе на протести

Тодев: Ако за 30 дена не бидат прифатени барањата, затворска полиција ќе излезе на протести

Независниот синдикат на полицијата им даде 30 дена рок на институциите да ги задоволат барањата на затворската полиција односно потпишување на колективен договор со кој ќе бидат подобрени условите за работа на за полицајците или во спротивно сите припадници на затворската полиција низ земјата ќе престанат со работа и ќе излезат на улица да протестираат.

-Откако ќе биде свикана комисијата која треба да ги одобри барањата, 30 дена е рокот тие да ги поминат сите процедурални комисии и да стигнат на пленарна седница. Во наредниот период доколку на сите овие прашања за кои денеска разговаравме наидеме на негативности сите затворски полицајци по директива на Независниот синдикат ќе излезат на улица, изјави претседателот на Незавнисниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев.