Македонија 15. јануари 2019. / 11:26

Тито Беличанец од СДСМ: Суспензија за Борко, Стоилов и сите ракометари што ја пееја „Бисер балкански“

Тито Беличанец од СДСМ: Суспензија за Борко, Стоилов и сите ракометари што ја пееја „Бисер балкански“

Професорот Тито Беличанец кој е голем поддржувач на премиерот Зоран Заев и СДСМ побара суспензија за целата ракометна репрезентација, бидејќи ја пееја македонската песна „Бисер балкански“.

Беличанец на Фејсбук, споделувајќи ја веста (ВИДЕО) Борко и Стојанче го продолжуваат дуелот против власта, ја пееја „Бисер балкански“ побара македонските репрезентативци, меѓу кои Борко Ристовски и Стојанче Стоилов, кои ја пееја песната да бидат суспендирани.

Инаку пред некој ден, мегафонот на СДСМ, Саше Ивановски – Политико побара забрана за спорт за Столе Стоилов и во својот текст на Мактел го нарече свиња и куче.

-Не само што на Столе Стоилов треба да му се одземе националниот дрес, туку треба и целосно да се забрани да се бави со професионален организиран спорт. И целосно го разбирам бесот на албанските граѓани, новинари, активисти, тие имаат целосно право да возвратат на овие свињарии на вмровското националистичко куче, Столе Стоилов. А Столе, ако сака да биде националистичка свиња, нека се бави со ракомет аматерски, и во потоа на социјални мрежи нека манифестира вмровштина колку што сака, тоа демократски треба да му биде дозволено, пишува Ивановски во текстот на Мактел.

Со оваа песна македонските одбојкари го прославија историскиот пласман на Европското првенство.

Со стихови од „Бисер Балкански“, и младите фудбалери, ја започнаа прославата на историскиот пласман на Европско првенство за 2017 година, во случајот за играчи до 21 година.

Голем хит “Бисер балкански” на Гоце Арнаудов во 2000 година е прогласен за песна на векот во Македонија.

Еве како славеа македонските ракометари, по двете победи на првенството.

Овој хит ечеше и на плоштадот Македонија кога се славеше големиот ден – Илинден.