Македонија 24. октомври 2019. / 11:22

Tимоние: Одговорноста за недобивање датум е на оние што ветуваа почеток на преговори

Tимоние: Одговорноста за недобивање датум е на оние што ветуваа почеток на преговори

Oдговорноста за недобивање на датум за преговори не е само на Франција, туку и на оние земји кои ѝ ветувале на Македонија дека на овој самит на ЕУ ќе биде доделен фамозниот датум, изјави францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние, кој денеска на прес-конференција во француската резиденција говори за блокадата од Франција за престапните преговори на нашата земја со Европската Унија.

За него, клучните реформи во Македонија не се до крај исполнети, а на чуден начин фокусот бил префрлен само на еден од исполнетите предуслови, а тоа е Договорот од Преспа за името со соседна Грција.

Требаше да се разговара за реформите, а потоа се случи чудна промена, тоа е дека поради Преспанскиот договор требаше да се даде позитивна оценка, а тоа не е само од власта, туку и од земји-членки. Од фундаменталните аспекти, се најдовме со прашања од геополитичка или геостратешка точка. Тоа не беше француската перспектива. Мислам дека перспективата, која од секогаш била јасна во француската страна беше пренесена на грчките и македонските соговорници, а таа беше загубена по пат. Ако јас треба да ги објаснам емоциите, ќе кажам дека разбирам и чувствувам. Од една страна се силните емоции, но има и дипломатска страна, односно политички разговори за иднината на ЕУ, иднината која се подготвува во перспектива со нови земји-членки, но се прави и за куќата, ние разговараме за Брегзит но и за финансиите, а сето тоа влијае врз проширувањето – изјави Тимоние.

Следете ја прес-конференцијата на Тимоние во живо: