Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние денеска повтори дека дрвото е засадено и сѐ уште се очекуваат плодовите, а плодовите се всушност исполнување на конкретни нешта, пренесе Фактор.
Франција очекува исполнување на конкретни работи од Северна Македонија меѓу кои и постигнување на договор за СЈО, за да донесе одлука за датум за преговори за земјава.
– Доколку се надмине тоа прашање ќе се покаже дека големите партии се способни заеднички да се договорат околу една суштинска работа имајќи го во прв поглед националниот интерес. Исто така ќе покажат дека се способни да го надминат минатото и да воспостават ефикасен систем кој што нема да дозволува повеќе застранувања. – изјави Тимоние.
Тимоние вели дека треба да се види што е исполнето од земјава и како се исполнети задачите.