Македонија 10. април 2019. / 10:11

Тевдоски во Тексас ќе зборува за напредокот на Северна Македонија

Тевдоски во Тексас ќе зборува за напредокот на Северна Македонија

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе зборува на „Bush School of Government and Public Service”, на А&M Универзитетот во Тексас. Станува збор, соопштуваат од Министерството за финансии, за една од најдобро рангираните школи во САД за јавна администрација, меѓународни односи и надворешна политика.

Темата на која ќе се обрати Тевдовски се однесува на прогресот на Република Северна Македонија и зошто е тој важен за Западот. Во рамки на темата – како земјата од извор на нестабилност, може да стане позитивен пример за решавање конфликт, министерот ќе се осврне и на предизвиците за искористување на поволниот момент за да се зголеми економскиот развој и подигне стандардот.

На „Bush School of Government” обраќања и предавања држеле гувернери, конгресмени, сенатори, амбасадори и познати универзитетски професори. Затоа ова е одлична можност за промовирање на нашата земја, како и реформите и напорите што ги прави во насока на евроатланските интеграции и економски развој.