Македонија 18. декември 2020. / 19:21

Тетовските пожарникари го кренаа гласот: Располагаме со возила постари од 20 години

Тетовските пожарникари го кренаа гласот: Располагаме со возила постари од 20 години

Пожарникарите од Тетово го кренаа гласот и ги кажаа нивните барања кои им следат законски, но не ги добиваат.Секоја прекувремена работа, ноќен труд, празници, викенди, се жалат дека не им се плаќа согласно законот. Тие се жалат дека немаат колективно осигурување, ниту пак, добиле оштета за пониските плати изминативе години, за што имаат и судско решение.

– Располагаме со возила постари 20 години, материјално технички средства стари, се што има е од донација, од општина нема ништо набавено ново. Еве ова е старо 20 години, чизми немаме, заштитна униформа, вели Игро Симовски-ТППЕ Тетово.

Поради досегашните несупешни обиди со локалните власти да најдат решение, побарале средба и со Премиерот.

Инаку,ова не е прв пат пожарникарите да протестираат, но, сега велат се решени да одат до крај.Најавуваат протести и во Скопје, а ако треба се заканија и со штрајк, се додека не им се исполнат законските барања.