Македонија 17. јануари 2019. / 19:10

Тетово: Судско рочиште на албански јазик – aко ви треба преведувач, ќе си го донесете од Скопје

Тетово: Судско рочиште на албански јазик – aко ви треба преведувач, ќе си го донесете од Скопје

Ако ви треба преведувач, да си го донесете од Скопје, овде се зборува на албански и еднаш веќе научете го албанскиот јазик.

Ова, наводно му било кажано на граѓанин во Судот во Тетово, од судијата Албанец кој го водел рочиштето на албански јазик.

Граѓанинот, оваа мака ја споделил на Фејсбук страницата на ТВ Сител и барал да биде прочитана во вчерашната утринска програма.