Македонија 14. јуни 2020. / 19:00

Тетово денеска со 32 заразени и двајца починати пациенти

Тетово денеска со 32 заразени и двајца починати пациенти

Во изминатите 24 часа во Тетово се потврдени 32 нови случаи на корона вирус, а двајца тетовци починаа како резултат на болеста.

Со денешните бројки, вкупната бројка на заразени во Тетово се искачи на 413 лица од кои 239 се активни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 62-годипен пациент, хоспитализиран еден ден, а 59-годишен пациент почина во болницата во Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и еден оздравен жител на градот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.057, бројката на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.159