Во Тетово во изминатите 24 часа се регистрирани 17 нови случаи на корона вирус, како и еден починат пациент. Станува збор за 65 годишен човек кој бил хоспитализиран на Клиничката болница во Тетово на 6 јуни.
Со денешните 17 случаи вкупната бројка на заразени во Тетово од почетокот на пандемијата се искачи на 430 лица.
Денеска е регистриран само еден оздравен пациент од корона вирусот во Тетово.
Вкупно во Македонија во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на Ковид-19. Со тоа, Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241.