Тетовскиот кризен штаб денеска упатил барање Владата да ја укине забраната за организиран јавен превоз со автобуси и комбиња кои се движат на територија на општина Тетово и околните општини.
-Согласно неодамнешната одлука на Владата и тенденцијата за либерализација на рестриктивните мерки во земјата, побаравме укинување на забраната за организиран транспорт со автобуси и комби кои се движат на територијата на општина Тетово и околните рурални општини, информираа Кризниот штаб.
Забраната беше воведена на 21 април.
Согласно последните податоци на заразени со Ковид-19, во општина Тетово има 52 заболени од кои двајца починати, во Боговиње 41 од кои шест починати, во Теарце 7, во Брвеница 10 од кои еден починат, во Јегуновце четворица и општина Желино шест заразени од кои двајца починати.