Изминатите 24 часа тетовчани ниту еден час не дишеле чист воздух. Градот буквално е проголтан од загадениот воздух и не се гледа, а нивото на ПМ10 честички во 17 часот изнесува високи 147 милиграми на метар кубен.
Воздухот е високо загаден преку целиот ден, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Максимално дозволените концентрации се 50.
Ситуацијата е слична и во Скопје и Битола. И додека граѓаните се гушат во канцерогениот воздух, актуелната власт која 10 години ја обвинуваше претходната власт околу воздухот со цел да придобие политички поени, сега истите тие се кријат од одговорност и никаде ги нема.
ПМ 10 честитичките се најсериозниот убиец на здравјето на граѓаните.