Македонија 24. септември 2019. / 15:08

Тензии во огранокот на ДУИ во Дебар за превземање на раководството

Тензии во огранокот на ДУИ во Дебар за превземање на раководството

Жестока борба се води во огранокот на ДУИ во Дебар околу тоа кој ќе го преземе раководството на овој огранок, пишува Курир.

Од извори во структурата на ДУИ во Дебар се дознава дека се води жестока битка помеѓу директорот Рамадан Имери и вршителот на должност Или Мирзо.

Истите овие извори велат дека е извршен огромен притисок врз потенцијалните кандидати за делегати, со единствена цел да се обезбеди предност наспроти другата група за преземање на воланот на дебарскиот огранок.

Целата оваа внатрешна борба на партиските структури резултираше и со голема фрустрација кај членството, и како резултат на тоа, судирите се веќе евидентни. Според нашиот извор, расколот е веќе направен, а се одбројуваат и часовите кога расправиите ќе излезат на виделина.