52 годишен полицаец од Куманово денеска починал, а вчера му било утврдено дека е заболен од коронавирус, пренесува Телма. Според информациите на Телма полицаецот бил ангажиран на новиот граничен премин Белановце кон Косово.
Последните десетина дена не одел на работа, на 25-ти март земал слободни денови бидејќи не се чувствувал добро. Вчера откако ги добил позитивните резултати на Ковид-19, била погребана и неговата мајка за која не е познато дали била заразена.
Ова е прв полицаец кој подлегна на Ковид-19, а погребот поради состојбата најверојатно ќе се изврши без полициските почести за починат припадник на МВР. Неговите колеги од преминот се во домашна изолација, пишува Телма/`