Македонија 08. август 2019. / 19:01

Телма: Додека Камчев ги собирал парите за рекетот, во СЈО мислеле дека се спрема за бегство

Телма: Додека Камчев ги собирал парите за рекетот, во СЈО мислеле дека се спрема за бегство

Според информациите на Телма од истражни органи, парите се подигнати како позајмица преку Банка во која сопственички удел има Орце Камчев, сведокот. Позајмиците ги даваат други фирми на Камчев, и се дадени на лично име на сопругата на Камчев и на друга жена близок роднина на сведокот.

Трансакциите се регистрирани во финаниско разузнавање, а потоа како сомнителни се пријавени во СЈО. Таму била разгледана информацијата, првин се мислело дека е подготовка за бегство на Камчев кој е соомничен во случајот Империја.

Но мислењето на финансискиот истражител било дека овој начин на извлекување пари потсетува на исплата на рекет или изнуда и дека тоа може да се провери. Анализата е доставена до кабинетот на специјалната обвинителка Јанева, но ништо не било преземено.

Парите се спакувани во торба, покриени со весници, но и со документи дека се легално извадени од банка. Луј витонот со милионот го зема Зоран Милески Кичеец, покажуваат камерите од куќата каде се дадени. Кичеец и Бојан Јовановски Боки 13 излегуваат од куќата откако лице од обезбедување ќе им отвори, а на вратата ги испраќа и домаќинот Орце Камчев.

Двајцата сега притворени излегуваат на улица и се качуваат во портокалов автомобил. Снимката завршува. Снимките со пакуваните пари се снимени со мобилен, додека останатите се од три безбедносни камери на куќата на сведокот.

Од обвинителството негираат било каква вмешаност во објавувауњаето на снимките, но не прецизираат дали и овие снимки се дел од доказите.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.