Чудно соопштение прати претпладнево Владата, во кое објави преписки од телеграм комуникација помеѓу генсекот на владата Драги Рашковски и лидерот ма опозицијата Христијан Мицкоски.
Во телеграм комуникацијата се гледа како Мицкоски го обвинува Рашковски дека зема провизија за превозот на граѓаните кои од странство се враќаат во Македонија и се носат во карантин.
-Крадете на несреќата на овие луѓе – му вели Мицкоски на Рашковски.
Ова за владата и за генсекот Рашковски, кој е познат по неколку милионски корупциски скандали, претставувало притисок во време на криза.
Во прилог целата комуникација која ја објави владата.